Утрински Весник
Спорт

Ристовски: Шефе наш, фала ти што не обедини да се чувствуваме како семејство

Ристовски: Шефе наш, фала ти што не обедини да се чувствуваме како семејство

Новиот капитен на македонската фудбалска репрезентација, борбениот Стефан Ристовски по враќањето на нациналниот тим во Скопје му се заблагодари на селекторот Игор Ангеловски со порака упатена на социјалните мрежи.

„Шефе наш, ми текнува со вашето доаѓање на чело на селекторската функција на првиот состанок кога го одржавме ни се обрати со следново… Дечки мојата цел е ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО… Си кажав… што збори човеков… Но вие и ние тоа го остваривме… ЕУРО 2020. Фала ти што не обедини да се чувствуваме како едно големо семејство. Фала што верувавте во нас дека имаме и ние квалитет да играме на едно вакво големо натпреварување. Фала што ја обединивте цела Македонија да се чувствува горда на овој голем успех. И фала што ни овозможи да се чувствуваме горди Македонци“ – напиша Стефан Ристовски.

View this post on Instagram

A post shared by Stefan Ristovski (@stefan_ristovski_13)

> Ристовски: Шефе наш, фала ти што не обедини да се чувствуваме како семејство <

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига