Утрински Весник
Спорт

Ристовски е пред трансфер во Динамо Москва

Ристовски е пред трансфер во Динамо Москва

Македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски се наоѓа пред трансфер во Динамо Москва, тврдат португалските и руските медиуми. Преодниот рок во Русија трае до 17 октомври.

Ристовски не се наоѓа во плановите на тренерот на Спортинг Лисабон поради што ќе мора да го смени клубот. Клубовите биле блиску до договор, иако е нејасно дали Димано ќе го позајми Ристовски или веднаш ќе го откупи неговиот договор.

Русите тврдат дека трансферот би изнесувал околу 3.000.000 евра.

Ристовски е играч на Спортинг од 2017 година, за „лавовите“ од Лисабон има одиграно 52 натпревар.Во кариерата игал за Вардар, Парма, Кротоне, Фросиноне, Бари, Латина и Риека.

> Ристовски е пред трансфер во Динамо Москва <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026