Утрински Весник
Македонија

Риза: Во земјава нема тестови за коронавирус кои не се регистрирани во МАЛМЕД

Секој што направил тест за антитела, мора да направи тест и за присутност на коронавирусот

Скопје, 7 април 2020 (МИА) – Во земјава нема тестови за коронавирус кои не се регистрирани во Агенцијата за лекови и медицински средства (МАЛМЕД), соопшти денеска директорката на МАЛМЕД, Висаре Риза.

На прес-конференцијата на Инспекцискиот совет, директорката на МАЛМЕД информираше дека се користат тестовите за одредување на присуство на вирусот и тестовите за присуство на антитела.

– Покрај тестовите кои служат за одредување на присуство на вирусот во организмот, постојат и тестови кои се имунолошки и кои може да го утврдат присуството на антитела. Едно правно лице има доставено до МАЛМЕД барање за запишување во регистарот и постапката е во тек, рече Риза, одговарајќи на новинарско прашање. бак/дма/

 

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

(Видео) Провокација на албанските навивачи, Дебар бил албански град

Куќа изгоре во Пелинце, избегната е поголема катастрофа

Порака од „Маршот за ангелите“ кон Мицкоски и Давкова: Нели ви е срам? Имате ли деца?