Утрински Весник
Свет
Img 7972

Ригорозни мерки за новогодишната ноќ во Њу Делхи – во сила е полициски час

Ригорозни мерки за новогодишната ноќ во Њу Делхи – во сила е полициски час
Img 7972

Поради значително зголемување на бројот на заразени од коронавирус во Њу Делхи, главниот град на Индија, на новогодишната ноќ е во сила полициски час.

Индиските власти одлучија полицискиот час да биде во сила на новогодишната ноќ поради што вечерва на улиците може да се видат припадници на безбедносните сили.

Усвоените мерки вклучуваат строго почитување на ноќниот полициски час и интензивни патроли во областите познати како забавни центри, пишуваат индиските медиуми.

Индија, по Соединетите Американски Држави, е втората најпогодена земја од пандемијата на коронавирусот.

Досега во Индија се пријавени 34,8 милиони случаи на заразени, од кои 481.080 се смртни случаи.

Можете да прочитате

Трамп се закани со царини од 100% за увоз од Кина

19 лица загинаа во експлозија на фабрика во САД

Бура во Мексико: Над 20 загинати лица