Утрински Весник
Македонија

Рибари од Љубаништа фатени како незаконски ловат риба во Охридското езеро

Рибари од Љубаништа фатени како незаконски ловат риба во Охридското езеро

Тројца жители на село Љубаништа биле затекнати како незаконски ловат риба во водите на Охридското езеро. Тие се приведени, а им се одземени и шест рибарски мрежи со должина од 360 метри со улов на риба и пловен објект.

Рибарите Б.С., С.Н. и М.С., вчера утрото биле затекнати како ловат во авто кампот „Љубаништа“, кај местото викано „Ќоше“.

Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Охрид против нив ќе биде поднесена кривична пријава, за незаконит риболов.

Можете да прочитате

Села формира нова партија „Албански сојуз“

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб 

Муцунски оствари средба со полскиот министер за надворешни работи во Варшава