Утрински Весник
Македонија

Реџепи: Одлучив да не гласам за недоверба на Владата

Реџепи: Одлучив да не гласам за недоверба на Владата

Пратеникот Кастриот Реџепи од Движењето Беса на својот Фејсбук профил објави дека одлучил да не учествува на собраниската седница за гласање на недоверба на Владата.

„Една од главните причини за мене и за политичкиот субјект Движење Беса на која припаѓам е евроатлантската интеграција на РСМ. Со оглед на политичкиот моментум, по одложувањето на оставката на премиерот Заев, за доброто на процесот и силните сигнали од стратешките партнери САД и земјите од ЕУ кои ми беа доставени од високи дипломатски претставници, решив да не учествувам на собраниската седница на која требаше да се донесе одлука со која ќе се доведе во прашање оваа витална национална и државна цел. Како одговорен политичар и пратеник, оваа одлука не ја донесов лесно, ставајќи го интересот на народот и државата на прво место. На државата во овој значаен период не и треба политичка криза и потопување во турбулентни води полни со непознати“, напиша Реџепи.

Можете да прочитате

Балетски бисер „Шехерезада“ вечерва на сцената на Националната опера и балет

Со проекција на филмот „Воведение во храмот“ почнува 10. Меѓународен фестивал „Богородичен покров“

РСБСП апелира: За време празникот 8 Декември, возете безбедно-стигнете сигурно