Утрински Весник
Спорт

Рејџон Рондо извадил пиштол зошто партнерката не го оставила да игра видео-игри со децата

Кошаркарот на Кливленд Кавалирс, Рејџон Рондо, е обвинет дека со пиштол, пред очите на двете деца, и се заканувал со пиштол на Ешли Бечелор, неговата поранешна партнерка и мајка на неговите деца. Портпаролот на НБА, Мајк Бас, истакна дека лигата го следи процесот.

„Свесни сме за извештајот и сме во процес на собирање повеќе информации“, изјави Мајк Бас.

Поранешната партнерка на Рондо, Ешли Бечелор, неодамна поднела барање за итна заштитна наредба во Луисвил, откако 36-годишниот Рондо наводно извадил пиштол и се заканувал дека ќе ја убие за време на расправијата на 11 мај.

36-годишната Ешли Бечелор е мајка на двете деца на Рондо, Рајл и Рејџон Јуниор, кои наводно биле присутни во моментот на инцидентот. Како причина за целиот инцидент е наведено несогласувањето меѓу партнерите околу играњето на .-игри во домот на Рејџон Рондо.

> Рејџон Рондо извадил пиштол зошто партнерката не го оставила да игра .-игри со децата <

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина