Утрински Весник
Свет

Рејтингот на Бајден се зголеми по усвоените закони во Сенатот

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Јавната поддршка за американскиот претседател Џо Бајден се зголеми оваа недела на највисоко ниво од почетокот на јуни, но останува историски ниска, покажуваат резултатите од анкетата на „Ројтерс“ и Ипсос.

dobivaj vesti na viber

Дводневната национална онлајн анкета на 1.005 возрасни, вклучително 445 демократи и 357 републиканци, покажа дека 40 отсто од Американците го одобруваат работењето на Бајден овој пат, ниво на поддршка што е историски ниско за американски претседател.

Истражувањето завршено вчера, исто така, покажа дека 78 отсто од испитаниците, кои се изјасниле како демократи, го поддржуваат Бајден, наспроти 69 отсто еден месец претходно.

Само 12 отсто од републиканците го одобрија настапот на Бајден оваа недела, бројка што остана во голема мера стабилна во последните недели.

Вкупниот рејтинг на Бајден според слично истражување во мај достигна најниско ниво од неговиот мандат, 36 отсто, а под 50 отсто колку што беше во август минатата година, во време кога Американците се соочуваат со висока инфлација и економски тешкотии кои се уште се предизвикани од кризата со Ковид-19, пренесува „Ројтерс“.

Во неделата, американскиот Сенат, по 18 месеци преговори и маратонска ноќна сесија, донесе закон за борба против климатските промени, намалување на цените на лековите и зголемување на некои корпоративни даноци, што се смета за голема победа за Бајден и неговата партија, што се очекува да ги зголемат шансите на демократите на претстојните избори за Конгресот во ноември, наведува британската агенција.

Можете да прочитате

Ким и неговата ќерка отвораа хотели

Амазон блокира илјадници пријави за работа сомневајќи се дека апликантите се севернокорејски агенти

Како ЕУ за 15 години стана „Должничка Унија“ со долг од 670 милијарди евра