Утрински Весник
Спорт

Рејна го продолжи договорот со Дортмунд до 2025 година

Рејна го продолжи договорот со Дортмунд до 2025 година

Американецот Џовани Рејна, денес, го продолжи договорот со Борусија Дортмунд до јуни 2025 година. Рејна (18), во Дортмунд, пристигна од Њујорк во јули 2019 година.

Џовани Рејна, лани имаше забележителни настапи за вториот тим на Дортмунд, а од оваа сезона е стандарден член на најдобрата екипа на „милионерите“.

„Неговиот развој во последните месеци е неверојатен. Дефинитивно ќе биде важен играч за Борусија во иднина“, рекол спортскиот директор на клубот, Михаел Цорк.

Досега тој застапил на 22 натпревари за сениорскиот тим, постигнал два гола и забележал пет асистенции. Пред три дена тој наполни 18 години.

Рејна е првиот 17-годишник, кој забележал три асистенции на натпревар во Бундес лигата.

> Рејна го продолжи договорот со Дортмунд до 2025 година <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Над 1.000 македонски навивачи ќе ја бодрат репрезентацијата во Копенхаген

На 18 април стартува новата сезона на Шампионатот во рели со историски возила

УЕФА ја откажа Финалисима 2026