Утрински Весник
Македонија

Решен е проблемот во Фондот за здравство, вработените во МВР можат да го користат здравственото осигурување

Решен проблемот кој се појави во Фондот за здравство и сите вработени во МВР можат да го користат здравственото осигурување, соопшти МВР.

dobivaj vesti na viber

„Како што веќе известивме, за сите вработени во Министерството за внатрешни работи редовно се уплаќаат придонесите во законски утврдените рокови, но вчера настана проблем поради пријавување на лице за кое ретроактивно се уплатени придонеси за социјално осигурување, а кое било вратено на работа со судска пресуда откако претходно му бил прекинат работниот однос“, наведуваат од МВР.

Како што додаваат, МВР веднаш презело мерки за решавање на проблемот и во координација со Фондот за здравство и УЈП проблемот е надминат.

Можете да прочитате

СДСМ: Обидите на ВМРО за рушење на СДСМ продолжуваат преку Шилегов

Силјановска – Давкова: Не можеме да бидеме Пенелопа, која, чекајќи го Одисеј, постојано го менува Уставот по барање на некој однадвор

СДСМ: ЗНМ и ССНМ немаат реакција за ова од Героски?