Утрински Весник
Свет

Речиси 800 нелегално извезени артефакти вратени на Италија

Речиси 800 нелегално извезени артефакти вратени на Италија

Речиси 800 нелегално извезени антички артефакти во вредност од околу 11 милиони евра, кои биле во сопственост на приватен колекционер во белгискиот град Антверпен, биле вратени во Италија по повеќегодишна истрага, соопшти денеска италијанската полиција.

Специјалната единица за уметнички дела „Карабинери“ во соопштението наведува дека истрагата е започната во 2017 година, откако италијански експерти во каталог за изложба во музеј во Женева за древни италијански народи, забележале фотографија од штица, висока спомен плоча од југоистокот на земјата од пред-римското време.

Можете да прочитате

Маж се здоби со тешки изгореници од струен удар додека правел селфи на покрив на воз во Германија

Вооружена банда мотоциклисти киднапирала повеќе од 60 луѓе во северозападна Нигерија

Кина повторно воведe портокаловo ниво за опасност од дождовни бури