Утрински Весник
Свет

Речиси 300 позитивни во фабрика што прави сендвичи во Британија

Речиси 300 позитивни во фабрика што прави сендвичи во Британија

Речиси 300 вработени во фабрика која произведува сендвичи за вработените во познатиот трговски синџир „Маркс и Спенсер“, се позитивни на коронавирусот, пренесува „Скај њуз“.

Фабриката „Гринкор“ во Нортемптон, во која се вработени околу 2.100 луѓе, рече дека дел од вработените се во самоизолација.

„Гринкор“ наведе дека 79 работници биле позитивни поради што компанијата одлучила да воведе приватна програма за тестирање.Притоа се откриени уште 213 случаи, така што вкупниот број се зголемил на 292.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Се поголем број жители на ЕУ размислуваат да ја напуштат Германија

Франција испраќа оклопни возила во Бејрут

Трамп бара Нетанјаху да биде помилуван