Утрински Весник
Македонија

Речиси целосно исполнети капацитетите на инфективното одделение во кумановската општа болница

Речиси целосно исполнети капацитетите на инфективното одделение во кумановската општа болница

Куманово, 15 јуни 2020 (МИА) – Пополнети се капацитети на инфективното одделение во кумановската општа болница, соопштија денеска надлежните од установата. Од вкупниот капацитет од 18 легла, исполнети се седумнаесет, изјави денеска директорката на кумановската болница, д-р Снежана Захариева.

– Десет пациенти се на кислородна поддршка, што значи дека се со средно тешка до тешка клиничка слика. Останатите пациенти се со средна клиничка слика. Наплив има и во амбулантното одделение каде пациентите доаѓаат, примаат терапија и се пуштаат на домашно лекување. Пациентите од кумановско кои се позитивни на Ковид 19, без разлика на нивната состојба се во постојана комуникација и контакт со нашите инфектолози, изјави Захариева.

Во овој период четири медицински сестри од инфективното одделение се позитивни на Ковид 19, што е една смена во болницата. Захариева вели дека се ангажираат сестри од другите одделенија од болницата кои помагаат на инфективното одделение. ам/аа/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ИО на СДСМ донесе одлука за исклучување на Петре Шилегов

Шилегов по одлуката на ИО за исклучување: Утре ќе дадам коментар имам многу што да кажам за психотропните супстанци на одредени лица

Доброволните пожарникари од Кочани: Пораката „горе има жртви“ беше најтешкиот момент од интервенцијата во „Пулс“