Утрински Весник
Свет

Реципрочен одговор на Москва поради протерувањето на дипломат од Австрија

Реципрочен одговор на Москва поради протерувањето на дипломат од Австрија

Руската амбасада во Виена објави дека е огорчена поради одлуката на австриските власти да го протераат рускиот дипломат и најавија дека ќе следи реципрочен одговор.

Претседателот на Комитетот за меѓународни односи на руската Државна дума, Леонид Слуцки, изјави дека протерувањето на рускиот дипломат од Австрија е исклучително непријателски чекор што ги труе билатералните односи, пренесе „Спутник“.

За прв пат Австрија донесе одлука да прогласи руски дипломат за персона нон грата.

Тој ќе треба да ја напушти Австрија на 1 септември, а осомничениот со години се занимавал со економска шпионажа, пред сè, на хај-тек компании.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Нови податоци: Најмалку 55 лица загинаа во пожарот во облакодер во Хонг Конг (ВИДЕО)

ЕП: Минималната возраст за пристап до социјални мрежи и вештачка интелигенција треба да биде 16 години

Судија во Џорџија го отфрли случајот за мешање во изборите во 2020 година против Трамп