Утрински Весник
Магазин

Реставрација на Peugeot 205 GTi со здружението Aventure Peugeot

Реставрација на Peugeot 205 GTi со здружението Aventure Peugeot

По повод 210-годишнината на PEUGEOT, здружението Aventure PEUGEOT подготви нова активност: реставрација и продажба на „vintagе“ возила. Возилата ќе бидат обновени во работилниците на Musée de l’Aventure Peugeot во Сошо и ќе добијат сертификат за автентичност на крајот од реставрацијата пред да бидат пуштени во продажба.

Првиот автомобил што е избран за реставрација е исконскиот автомобил: црниот PEUGEOT 205 GTi со мотор 1.9L.

Оваа реставрација ќе биде извршена во работилниците на Aventure PEUGEOT во Сошо и ќе ги потенцира талентот и знаењето на вработените специјализирани за различни занаети кои се од големо значење за квалитетна обнова: механичари, скулптори, седлари и лимари.

Оваа нова активност е можна само благодарение на набавката на резервни делови. Aventure PEUGEOT работи на ова поле седум години и го трансформираше својот магацин за логистикa, зголемувајќи ги своите залихи. Здружението ќе ги повика своите традиционални подизведувачи да обезбедат делови што недостасуваат, а доколку некој дел веќе не може да се произведува, производството со помош на „3D принт“ технологијата секогаш е опција.

Од 2021 година, на страната на здружението, www.laventurepeugeotcitroends.fr , ќе има место посветено на квалитетно реставрираните возила со печат „Par l’Aventure PEUGEOT“. Приватните возила исто така ќе бидат достапни на ова место откако ќе ја добијат ознаката за „квалитет“.

 

(ПР текст)

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Ѕвезден судар утре: Некои знаци ќе блеснат, други ќе паднат под притисок – кој е на удар?

Овој мал утрински ритуал може да ве ослободи од сите грижи – утре го славиме светителот со златна уста

Веднаш отстранете ги овие пет работи од вашата бања – пред да се разболите