Утрински Весник
Македонија

Ресенчанец се обидел да ограби банкомат, полицијата го приведе

Ресенчанец се обидел да ограби банкомат, полицијата го приведе

Приведен е 36-годишник од Ресен кој се обидел да изврши кражба од банкомат, соопшти полицијата.

Против него е поднесена кривична пријава поради „тешка кражба“ во обид.

„На 15 декември околу 2.00 часот на улицата „Мите Богоевски” во Ресен, пријавениот со употреба на сила и подесен алат се обидел да изврши кражба од банкомат, при што скршил стакло од објект во кој бил поставен банкоматот, притоа оштетувајќи го и него. Набрзо М.М. бил лишен од слобода, приведен во полициска станица и во службен разговор го признал и појаснил делото“, велат од МВР.

Можете да прочитате

За 24 часа уапсени пет лица за семејно насилство

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Шестмина уапсени за организирање нелегални борби со кучиња