Утрински Весник
Свет

„Репортери без граници“: Во 2020 година убиени најмалку 50 новинари

„Репортери без граници“: Во 2020 година убиени најмалку 50 новинари
Dik 300x250 mk

Организацијата „Репортери без граници“ објави дека оваа година се убиени најмалку 50 новинари.

Во годишниот извештај е забележано дека голем број од овие новинари се убиени поради истрагите што ги воделе за корупција, организираниот криминал, уништувањето на животната средина и природата.

Во извештајот, во кој се наведува дека повеќето новинари се убиени додека известувале од разни демонстрации, се истакнува дека годинава за новинарите најопасни држави се Мексико, Ирак, Авганистан, Индија и Пакистан.

Покрај тоа, во извештајот се нагласува дека стотици новинари низ светот починале од Ковид-19, но не е утврдено колку од нив се заразени во текот на професионалниот ангажман.

Забележано е дека тројца новинари, кои биле во затвор во Египет, Русија и во Саудиска Арабија, го загубиле животот од Ковид-19 поради недостиг од медицинска нега.

Иранските власти овој месец го погубија новинарот Рухулах Зем, кој беше уредник на опозициската интернет-страница „Amednews“. Меѓу убиените претставници на медиумите се наоѓаат две жени.

Во последните 10 години се убиени најмалку 937 новинари.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Половина од светот остана без интернет

Под урнатата зграда во Турција има две жртви, кучиња трагаат по останатите три лица кои се уште се живи

Масакр во Судан: Убиени над 2.000 цивили