Утрински Весник
Свет
300x250 opst2

Репортери без граници: Бројот на затворени новинари никогаш досега не бил толку висок

Репортери без граници: Бројот на затворени новинари никогаш досега не бил толку висок
Img 7972

Во годишниот извештај на Репортери без граници (РСФ) се наведува дека 488 медиумски работници ширум светот се во затвор.

„Бројот на новинари приведени поради нивната работа никогаш не бил толку голем откако РСФ почна да го објавува својот годишен извештај во 1995 година“, се наведува во соопштението на невладината организација, која се бори за слободата на печатот.

Од друга страна, пак, во 2021 година регистриран е најмал број на убиени медиумски работници во изминатите 20 години, односно 46.

РСФ соопшти дека, исто така, никогаш досега немало толку многу приведени новинарки, при што вкупниот број од 60 претставува третина повеќе од 2020 година.

Кина предводи во однос на затворени новинари – 127, голем дел поради законот за национална безбедност што го наметна на Хонгконг, поткопувајќи многу од неговите долгогодишни демократски слободи, се наведува во извештајот.

Мјанмар е втор со 53, следен од Виетнам 43, Белорусија 32 и Саудиска Арабија со 31 притворен новинар.

Намалениот број на смртни случаи ја одразува променливата динамика во Сирија, во Ирак и во Јемен, каде што намалувањето на конфликтот значи дека помалку новинари се привлечени во регионот, се нагласува во извештајот.

Можете да прочитате

Трамп му даде ултиматум до Хамас до недела во 18 часот

Продолжува спасувачката операција по уривањето на исламско училиште во Индонезија

Путин: Подготвен сум да го поддржам моделот на мир на Трамп за Блискиот Исток