Енстон, 27 април 2020 (МИА) – Тимот на Рено се чини дека се одлучи за замена на Даниел Рикардо. Договорот на Австралијанецот истекува на крајот на годината, а доколку не се обнови, Французите сакаат да го регрутираат својот млад пилот Кристијан Лундгард. 18-годишниот Данец го направи своето деби во Формула 2 кон крајот на минатата година и треба да ја направи својата прва сезона во 2020 година.
– Нашата цел на академијата секогаш беше да го внесеме во Формула 1. Сега тој мора да вози во Ф2 за да ги собере потребните поени за супер лиценца, потребни во Ф1, рече шефицата на академијата, Миа Шарзиман.
Во моментов, Лундгард има 18 бода, а потребни се 40 за Ф1. Во пракса, тоа значи дека тој треба да заврши најмалку четврти оваа година во Ф2 за да се квалификува за најпрестижниот шампионат во 2021 година.