Утрински Весник
Спорт

Рено го отпуштија Абитебул пред преименувањето во Алпине Ф1

Рено го отпуштија Абитебул пред преименувањето во Алпине Ф1

Досегашниот шеф на тимот на Рено Ф1, Сирил Абитебул заминува од тимот, а нов генерален директор на тимот кој од новата сезона ќе се натпреварува по името Алпине Ф1 ќе биде Лорен Роси, објавија од француската компанија.

Роси ќе биде одговорен за Формула 1 и другите спортски активности во соработка со Лука де Мео од Рено, а се очекува нов шеф на тимот на биде Марсин Будковски, додека нов технички директор да стане поранешниот шеф на Мото ГП тимот на Сузуки и Јамаха, Давиде Бривио.

„Би сакал да се заблагодарам на Групацијата Рено за довербата која ми ја пружија последните години, посебно со обновувањето на тимот од 2016 година. Солидните темели на тркачкиот тим и фабриките во Франција и Англија и еволуцијата кон поекономски оддржлив модел покажуваат дека се движевме во вистински правец“, објави Абитебул.

> Рено го отпуштија Абитебул пред преименувањето во Алпине Ф1 <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Чоло утре ќе влезе во историјата на Ла Лига

Јамал потпишува нов договор со Барселона со откупна клаузула од милијарда евра

Синер ја одведе Италија до полуфиналето на Дејвис купот