Утрински Весник
Македонија

Реновирани тоалетите и кабинетите во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, подновувања и во други училишта

Реновирани тоалетите и кабинетите во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар, подновувања и во други училишта

Гостивар, 28 мај 2020 (МИА) – Локалната самоуправа промовираше дел од активностите за подобрување на условите за престој на учениците во ОУ „Исмаил Ќемали“ во Гостивар.

Со последната инвестиција во школото, покрај тоалетите се реновирани и кабинитете за наставни предмети и наставничката канцеларија.

– Освен во ова школо, зафати во тек се и во ОУ „Единство“ и „Лирија“ во Равен, и подрачното во Долна Бањица. Позначајна инвестијца е што ќе се опремат и кабинетите во гимазијата и за подновување на медицинското училиште. Ова се инвестиции кои не се во пари големи, но се значајни за обезбедување на достоинствени услови. За жал морам да кажам дека сето ова е направено без поддршка од ресорното министерство. Од нив не сме добиле едно дени, рече градоначалникот Арбен Таравари.

Во ОУ „Исмаил Ќемали“ учат над една илјада ученици и е едно централните училишта во општина Гостивар. Шпреса Усеини, директорката на ОУ „Исмаил Ќемали“ искажа задоволство од реновирањето, бидејќи како што напомена, изминатиов период често пати добивале забелешки од соодветни инспекции. Со последниот зафат, условите за учениците се значително подобрени и се надева дека во наредниов период ќе се решат и другите барања кои се доставени до локалната самоуправа.

Аслијан Снопче одговорна за секторот образование во општината, запрашана за претстојните уписи на првачињата напомена дека за новата учебна година, родителите и децата ќе треба да ги почитуваат мерките. Училишните управи веќе ги направиле подоговтвките и се подготвени за овој процес.

– Уписите ќе започнат од 1 јуни и ќе траа еден емсец. Вообичаено поголем број очекуваме кон крајот на летото, со оглед дека многу од идните првачиња се надвор од земјава. Покрај вообичаените документи ќе треба да достават и потврди од стоматолог и за примени вакцини, рече Снопче. згм/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Честитка од ВЛЕН по повод 28 Ноември – Денот на независноста на Албанија

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените во СДСМ

Филипче: Започнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации