Утрински Весник
Македонија

Реновирана е дневната болница на Клиниката за хематологија

Реновирана е дневната болница на Клиниката за хематологија
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Со реконструкцијата на дневната болница на Клиниката за хематологија целосно е завршена последната фаза од процесот на обнова на установата.

Ова е оддел каде што се спроведува дијагностика, терапија и долгогодишна контрола на пациентите со разни хематолошки, малигни и немалигни сериозни заболувања.

 

Покрај реновирањето, за дневната болница на Клиниката за хематологија обезбедени се нови апарати и опрема кои ќе овозможат здравствена нега на значително повисоко ниво, како и најсовремени апарати за стерилизација на воздухот, од особена важност за пациентите и персоналот и целосно почитување на стандардите за заштита од Ковид-19.

Од самиот почеток на пандемијата со Ковид 19, во дневната болница непречено се реализираа сите медицински услуги во две смени, по претходно точно утврдени препораки со цел пациентите да се чувствуваат безбедно и сигурно на Клиниката. Со строго запазени протоколи, до крајот на јули годинава реализирани се вкупно 9310 болнички денови.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Силјановска-Давкова дома, а каде другите македонски политичарки ќе ја пречекаат новата година?

Калајџиев: Ако е празен буџетот, да ви дадам на заем?!

Николоски: После повеќе од 60 години Охридскиот аеродром е легализиран