Утрински Весник
Магазин

Рене Зелвегер во крими-серија на „Ен-би-си“

Рене Зелвегер во крими-серија на „Ен-би-си“

Рене Зелвегер ќе глуми во криминалистичка минисерија од шест епизоди на „Ен-би-си“, под наслов The Thing About Pam, што ќе биде нејзино прво појавување на малиот екран.

Лимитираната ТВ-серија со 51-годишната sвезда на „Дневникот на Бриџит Џонс“ ќе биде адаптирана од сондата Dateline и истоимениот подкаст од 2019 година, објави порталот „Дедлајн“.

Приказната се фокусира на убиство на жена од Мисури, Бетси Фарија, во 2011 година, за кое нејзиниот сопруг првично беше осуден, но подоцна судењето беше поништено, и случајот на крајот се фокусираше на соработничката на убиената, Пем Хап, која ќе ја игра оскаровката Зелвегер.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Meлони го прослави роденденот во Јапонија и објави аниме-селфи со јапонската премиерка

Гвинет Палтроу призна: „Изгубив улога поради разводот“

Овој парфем е прогласен за најдобар женски мирис на сите времиња