Утрински Весник
Спорт

Рекорд на Браун, Бостон го декласираа Кливленд

Рекорд на Браун, Бостон го декласираа Кливленд

Џејлен Браун, Демијан Лилард и Гордон Хејворд блескаа изминатата ноќ во НБА лигата.

Бостон Селтикс против Кливленд Кавалирс ја прекинаа серијата од три порази. Селтикс предводени од Џејлен Браун го прегазија Кливленд со 141:103. Браун постави нов рекорд во НАБ лигата, тој за само 19 минути успеа да постигне 33 поени.



Шарлот Хорнест забележаа победа на Флорида, против Орландо 107:104. Хорнетс последниот период го добија со 33:18. До победата ги предводеше Гордон Хејворд со 39 поени и 9 скока.

Портланд тесно ги совладаа Њујорк Никс 116:113. Најзаслужен за победата беше Демијан Лилард со 39 поени, 5 скока и 8 асистенции.

За издвојување е и ролата што ја имаше Јанис Адетокумбо, во победата на Милвоки над Атланта 129:115. Гркот забележа 23 поени, 14 скока и 8 асистенции.

Резултати:

Бостон-Кливленд 141:103
Орландо-Шарлот 104:107
Милвоки-Атланта 129:115
Сан Антонио-Вашинготн 121:101
Портланд-Њујорк 116:113

> Рекорд на Браун, Бостон го декласираа Кливленд <

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Мареј: Побегнав од моите деца, а во Новак добив едно големо дете

Ла Лига ја одби жалбата за суспензијата на Винисиус

Гвардиола по 30 години се раздели со сопругата Кристина