Грчката национална организација за јавно здравје објави рекордни нови 372 случаи на коронавирус, што е највисок дневен биланс во земјата од почетокот на пандемијата, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.
Бројот на починати се искачи на 297, a вкупниот број на заразени од почетокот на пандемијата дистигна 12.452 лица.
Според Министерството за здравство, од 372 нови случаи, 94 се поврзани со кластер, односно фабрика за обработка на храна во северна Грција и 29 со фабрика за рециклирање во Атика.
Вкупно, на Атика отпаѓаат 133 од новите случаи.
Дваесет и едно лице имало позитивен тест за Ковид-19 на границите на земјата, пристаништата и аеродромите.