Утрински Весник
Свет

Рекордни 208 случаи на новозаразени со Ковид-19 во Хрватска

СЗО: Зголемување на стапката на инфекција во светот

Во последните 24 часа во Хрватска има 208 нови случаи на заразени со коронавирус, што го надмина вчерашниот рекорден број на нови случаи за еден ден, а две лица починаа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

„Во изминатите 24 часа беа регистрирани 208 нови случаи на зараза со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на заразени (активни случаи) во Хрватска денес е вкупно 961“, рече на прес-конференција Крунослав Чапак, директор на хрватскиот Институт за јавно здравје.

Ова е втор ден по ред како во Хрватска е регистриран рекорден број пациенти за еден ден. Само вчера се регистрирани 180 случаи.Во болница има 106 пациенти, од кои 10 се на респиратор. Две лица починале, едно лице родено во 1960 година во Сплит кое било на респиратор и лице родено во 1934 година во Клиничката болница Осијек со коморбидитет.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 6.258 лица заразени со коронавирус, од кои 163 починале, а 5.134 се опоравиле. Во моментов има 3.158 лица во самоизолација. До денес, тестирани се вкупно 134.742 лица, од кои 1.249 во последните 24 часа.

„Округот Сплит-Далмација и градот Загреб се водечки по бројот на нови пациенти. Ситуацијата покажува дека просечната возраст на новозаразените е 31 година, а нивните клинички слики во моментов се благи”, вели Чапак.

Извор: makfax.mk

Можете да прочитате

Зеленски верува дека војната ќе заврши во 2025 година

Путин потпиша закон за отпис на кредитни долгови за учесниците во специјалната воена операција

33.000 домаќинства во Франција останаа без струја поради невреме