Утрински Весник
Спорт

Рекорди, кои Ливерпул се уште може да ги подобри

Ливерпул го освои Суперкупот на Европа по голема драма и пенали

Ливерпул, 26 јуни 2020 (МИА) – Ливерпул и официјално ја освои титулата во Премиер лигата за сезоната 2019/20 по победата на Челси над поранешниот шампион Манчестер Сити со 2:1.

За „црвените“ тоа беше 19-та круна, прва по 30 години и прва во ерата на Премиер лигата. На патот кон неа, екипата на Јирген Клоп собори многу рекорди, од кои последниот беше поврзан со најраното запечатување на титулата во Премиер лигата – седум кола пред крајот, откако претходното достигнување го имаше Сити со пет.

Еве ги рекордите што „црвените“ сè уште можат да ги подобрат:

* Ливерпул има 86 бода од 31 натпревар и треба уште 15 за да го подобри настапот на Сити од сезоната 2017-18, кога „граѓаните“ завршија со точно 100 поени.

* Со победа во преостанатите три домашни натпревари на „Енфилд“, „црвените“ ќе станат првиот тим во историјата на Премиер Лигата што ќе ги победи сите 19 домашни натпревари.

* Три победи на домашен терен ќе го подобрат рекордот за најмногу освоени бодови на домашен терен во една сезона – рекордот го држат три екипи – Челси (2005-06), Манчестер Јунајтед (2010-11) и Сити (2011-12) со 55.

* Ливерпул досега има 28 победи во кампањата и потребни се уште пет победи за да го соборат рекордот на Сити од 32 во една сезона.

* Доколку избраниците на Јирген Клоп победат во преостанатите седум натпревари, екипата ќе постигне 107 поени, со што ќе го сруши рекордот за најмногу во една кампања во англиската елита.

* Сити го постави рекордот за најголема разлика помеѓу првиот и вториот, кога тие со 19 поени пред вториот победија во 2017-18 (Ливерпул моментно води со 23 над „граѓаните“)

* Тимот од Мерсисајд има 12 победи од 15 одиграни натпревари оваа сезона и би можеле да се изедначат со рекордот од 16 на домашен терен од 2017/18, доколку ги добијат преостанатите четири посети.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Хагерти за Надал: Организиравме сè онака како што сакаше Рафа

Поранешен фудбалер со нож нападнат во Њујорк

Намибиски новинар му одговори на Перез: Тој е фрустрирана личност