Утрински Весник
Македонија
300x250 opst2

Реконструкција на булеварот Крсте Мисирков кај зградата на МАНУ

Реконструкција на булеварот Крсте Мисирков кај зградата на МАНУ
Img 7972

Увид во градежните активности за реконструкција на булеварот Крсте Мисирков во делот на општина Центар денеска изврши скопскиот градоначалник, Петре Шилегов.

Булеварот се реконструира на потегот на потегот од зградата на МАНУ до крстосницата кај Мавровка, во должина од 550 метри.

„Пред две години завршивме со реконструкцијата на првата фаза од истиот булевар која го опфаќаше потегот од Мавровка до Бит Пазар, го реконструиравме и булеварот Кочо Рацин на потегот од булеварот К.Ј.Питу до булеварот Св. Кирил и Методиј.

Ако на тоа ја додадеме и изградбата на булеварот Х.Т. Карпош, како и реконструкцијата на улицата Бихачка кои ги завршивме изминативе 2 години, можеме да кажеме дека главната сообраќајна артерија на правецот север-југ од Водно до северниот дел на скопската обиколница е во одлична состојба“, посочи Шилегов.

Според него, граѓаните ги препознаваат новите стандарди на квалитет во работењето, градењето по план и рекордно брзите рокови во кои се завршуваат реконструкциите.

За реконструкцијата на оваа сообраќајница од буџетот на градот ќе бидат потрошени околу 32 милиони денари, а реконструкцијата се предвидува да заврши во рок од 45 дена.

Можете да прочитате

Андријана Ташкова-Ѓоргиева згрижува три деца покрај своите три и ја бара довербата од битолчани за влез во Советот преку ГРИН

Апсење во Тетовско – Ова се причините

ОГРОМНА НЕГАТИВНА ТЕМПЕРАТУРНА АНОМАЛИЈА: Доаѓаат голем студ, многу дожд и снег!