Утрински Весник
Македонија

Реконструкцијата на пешачките патеки во Градскиот парк во завршна фаза – се асфалтираат патеките зад лунапаркот

Екипите на Градот Скопје и ЈП Улици и патишта продолжуваат со активности за реконструкција на пешачките патеки во Градскиот парк.

На терен деновиве се асфалтираат пешачките патеки позади Луна паркот. Патеките се со должина од 110 метри и широчина од 6,5 метри, со вкупна површина од околу 710 квадратни метри.

Реконструкцијата на пешачаките патеки во Градскиот парк на вкупна површина од 9000 квадратни метри се реализира во фази, а досега целосно се реконструирани 7500 квадратни метри. Најголемиот дел од патеките веќе се целосно реконструирани и асфалтирани, а граѓаните може да ги користат за прошетки и рекреација.

Можете да прочитате

На екс градоначалникот Папазов не треба да му биде укинат куќниот притвор – тврдат од Обвинителство

СДСМ: Ристов во РКЕ, Мицкоски ја шири својата бизнис мрежа

Ацо Ристов предложен за нов претседател на РКЕ по оставката на Бислимоски