Утрински Весник
Македонија

„Рекет” продолжуваа со завршни зборови

„Рекет” продолжуваа со завршни зборови
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Скопје, 26 мај 2020 (МИА) – Обвинителството за борба против организираниот криминал и корупција на денешното рочиште во Кривичниот суд Скопје, ќе ги каже завршните зборови за случајот „Рекет”, за потоа и одбрана на обвинетите да ги даде своите завршни зборови.

На последните рочишта за овој судски предмет својата одбрана ја даде обвинетата Катица Јанева, (поранешна прва обвинителка на СЈО) која ги отфрли обвиненијата против неа и истакна дека законски ја вршела својата работа додека било на чело на Специјалното обвинителство.

Првообвинет во овој случај е Бојан Јовановски – Боки 13, кој во обвинителниот акт се товари дека влијаел кај специјална обвинителка Катица Јанева, за осомничениот во предметот „Империја” Јордан Камчев, да добие поблаги мерки во истражната постапка.

Меѓу обвинетите за овој предмет каде прв пат во историја на државата во обвинение е опфатен еден обвинител беше и Зоран Милевски – Кичеец, но уште на првото рочиште тој ја прифати вината и Кривичниот суд го осуди на три години затвор (неправосилна одлука). оџ/ац/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

ДСЗИ иницира формирање комисија да се утврди дали има пропуст во третманот и лекувањето на новороденчето од Арачиново

Едно лице тешко повредено во Скопје, пробало да се самоубие

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации