Утрински Весник
Спорт

Реина сака да оди во ПСЖ

Реина планира да ја заврши кариерата во 2021 година

Рим, 14 мај 2020 (МИА) – Шпанскиот голман Пепе Реина сака кариерата да ја продолжи во Пари Сен-Жермен. Според „Фут Меркато“, 37-годишниот Шпанец е подготвен да стане втор избор во тимот од Париз.

Претходно се појавија информации дека Милан е подготвен да се раздели од Реина со цел да се растоварат трошоците за плата. Неговата плата сега е три милиони евра годишно.

Од јануари, Реина е на позајмица за Астон Вила. На шест натпревари од шампионатот на Англија, Реина прими 13 голови. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство