Утрински Весник
Македонија

Реиздание на Православниот молитвеник

Реиздание на Православниот молитвеник

Велес, 16 април 2020 (МИА) – Со благослов на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, издавачката дејност „Св Ѓорѓи Полошки“ на Епархијата Повардарска во пресрет на најголемиот христијански празник – Воскресението Христово, подготви реиздание на православниот „Молитвеник“.

Според Никола Цилаков од Издавачкат дејност „Св Ѓорѓи Полошки“, ова е трето реиздание на „Молитвеникот“ во Повардарската епархија. Подготвено е во два различни концепта, меко печатење и тврда корица.

-Ова ново издание на „Молитвеникот“, освен досегашните молитви, дополнет е со акатистите „Слава на Бога за сѐ“ и кон Ангелот чувар, и повеќе молитви кон повеќе светители и за разни потреби. Тука се и молитвите кон светителите чии имиња ги носиме и оние кои ги славиме како домашни слави – домашни закрилници, рече Цилаков.

Новото издание може да се најде во сите храмови на Повардарската епархија или да се порача директно од издаваштвото на Повардарската епархија на телефонот 043 221 231.

Од печат излезе и 53. број на „Православна светлина“ што го издава издавачката дејност на Епархијата Повардарска.

Цилаков информира дека  во овој број, стандардно, како и досега, обработиле  теми од нашата православна вера и живот и се надеваат  дека и овој број ќе ја збогати Воскресната радост кај сите верници кои ќе го имаат во своите раце во овие торжествени денови, кои нè очекуваат.

Тој информира дека Списанието како и досега  е бесплатно и сите православни христијани  може да го земат во храмовите на Епархијата Повардарска. ад/мч/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Министерот Љутков и комесарот Токура: Преку Меморандумот за соработка ги зближуваме македонската и јапонската култура

Лимани: Непријавувањето на насилството од страна на жртвите е еден од најсериозните проблеми

Учество на Муцунски на десеттата годишна конференција „Медитерански дијалог” во Рим