Утрински Весник
Свет

Резников: Руските зборови не вредат ниту за хартијата на која се напишани

Украинскиот министер за одбрана, Олексеј Резников присуствуваше на донаторска конференција за Украина во Копенхаген со данскиот министер за одбрана Мортен Боедски и британскиот министер за одбрана, Бен Валас.

dobivaj vesti na viber

„Руските зборови и договори не вредат ниту за хартијата на која се напишани. Што да правиме? Решението е јасно. Русија победува кога ќе успее да не раздели, кога ќе не нападне еден по еден користејќи ги своите ресурси. Но Русија губи и се повлекува кога ја губи иницијативата и кога напаѓа на заеднички отпор“ – рече Резников.

Украинскиот министер им се заблагодари на Боедски и Валас за континуираната поддршка и го издвои американскиот министер за одбрана, Лојд Остин, чија помош, исто така, ја цени.

Можете да прочитате

Шефот на НАТО: Ормутскиот теснец мора да се отвори, како сојузници мора да најдеме начин

Италија ги намалува даноците на горивата

Проектил погодил брод во близина на Катар