Утрински Весник
Свет

Резников: Најлошото сценарио е зад нас

Украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников изјави дека зад нив стои најлошото сценарио во војната со Русија.

dobivaj vesti na viber

– Најлошото сценарио на Украина во војната со Русија веќе помина – изјави вчера украинскиот министер за одбрана Олексеј Резников за Си-ен-ен.

Резников додаде дека верува оти Украина е на работ на „нова фаза“ од војната со тоа што ја започна својата контраофанзивна кампања „во поинаква насока“.

– Во фаза сме на стабилизација на сите боишта или борбени линии со мали поместувања на единици и таму направивме многу добри одвраќања – рече тој.

На прашањето дали стравува дека меѓународната заедница ќе почне да се уморува од војната, Резников рече дека „синдромот на замор“ може да ѝ наштети на борбата на Украина против Русија.

– Тоа го нарекувам синдром на замор, а за мене е една од главните закани. Мораме да работиме со оваа закана, затоа што треба да разговараме како вас, да комуницираме, да ги прашуваме луѓето, немојте да бидете на овој замор. Бидејќи ова е многу, многу опасно за нас – заклучил тој, пишува Си-ен-ен.

Можете да прочитате

Украина им дозволи на мажите на возраст од 18 до 22 години да ја напуштат земјата за првпат од почетокот на војната

Трамп најави дека ќе воведе смртна казна за секое убиство во Вашингтон

НАТО распореди германски борбени авиони поради руско присуство во Балтичкото Море