Утрински Весник
Магазин

Режисерот Рајан Куглер развива ТВ-серија за „Дизни плус“

Режисерот Рајан Куглер развива ТВ-серија за „Дизни плус“

Режисерот на „Црниот пантер“ Рајан Куглер застана на чело на нова телевизиска серија чие дејствие е сместено во измисленото футуристичко кралство на Ваканда, соопшти „Волт Дизни ко“ во понеделникот.

Новата серија за стриминг-сервисот „Дизни плус“ ќе се создаде како дел од петгодишниот телевизиски договор со продуцентската куќа Coogler’s Proximity Media, се вели во соопштението на „Дизни“.

Режисерот Куглер моментално работи на продолжение на блокбастерот „Црн пантер“ од 2018 година, кој треба да се појави во киносалите во јули 2022 година.

Извор: Makfax

Можете да прочитате

Овие четири хороскопски знаци најбрзо простуваат

Пет пијалоци кои го зајакнуваат имунитетот

Пред или по тренинг? Експертите откриваат кога е најдобро да јадете