Утрински Весник
Економија

Редовните пријавувања на невработените се одложуваат до истек на мерките за заштита од коронавирусот

Редовните пријавувања на невработените се одложуваат до истек на мерките за заштита од коронавирусот

Скопје, 13 март 2020 (МИА) – Поради новонастанатата состојба со коронавирусот и препораките за спречување на неговото ширење, Агенцијата за вработување ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки.

-Следејќи ги насоките на Владата за спречување на ширењето на коронавирус инфекцијата, како општествено одговорна институција, Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија ги известува сите невработени лица да го одложат редовното пријавување во центрите за вработување во термините што им биле утврдени на последното редовно пријавување, се до истекот на важење на донесените мерки за заштита од коронавирус инфекцијата (24.03.2020 година), а тоа ќе им биде оправдано од страна на Агенцијата за вработување, се вели во денешното соопштение.

По истекот на овој период, невработените лица треба да се јават во центрите за вработување, со цел продолжување на нивното редовно пријавување. Во случај на продолжување на заштитните мерки од страна на Владата, невработените лица ќе бидат дополнително известени.

Напоменуваме дека граѓаните имаат можност да ги користат електронските услуги на Агенцијата за вработување, кои се достапни на порталот uslugi.gov.mk, за издавање на историјат на работни односи, извод од компјутерски запис – образец м1/м2 од пријава/одјава во задолжително социјално осигурување, потврда за неевидентирано лице, потврда за евидентирано друго лице кое бара работа и потврда за евидентирано невработено лице.

За сите дополнителни прашања, граѓаните може да се обратат на телефонот (02) 3111850, електронскта пошта info@av.gov.mk и на facebook страната. сст/бак/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Тему достапна и во Македонија, ниски цени и бесплатна достава, квалитетот дискутабилен

Стојаноски: СДС единствено што остави на државата е долг на идни поколенија

Ангеловска-Бежоска во колумна за „Топ 100 извозници”: Извозот на услуги станува сѐ позначаен двигател на економскиот раст