Утрински Весник
Македонија

Регистрирани 705 прекршоци за неносење маски, издадени 702 решенија за изолација

Регистрирани 705 прекршоци за неносење маски, издадени 702 решенија за изолација

Скопје, 19 јуни 2020 (МИА) – Регистрирани се 705 прекршоци за неносење лична заштита на лице, на 702 лица им се издадени решенија за изолација, а 210 лица потпишале изјави за самоизолација, во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Од МВР информираат дека од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е утврдено дека три лица не ја почитувале мерката за изолација, а едно лице не ја почитувало мерката за самоизолација. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Мицкоски утре ќе пушти во употреба нов дел од автопатот Кичево – Охрид

Петровска: АНБ е столб на државата, а не ничија сопственост

Жителите на Лагадин алармираат: По дивоградбата, инвеститорот сега сака да ја узурпира и плажата