Утрински Весник
Македонија

Регистрирани 585 прекршоци за неносење маски, за 337 лица решенија за изолација

Утре ќе се одлучува за полицискиот час викендов и за работата на рестораните

Скопје, 2 јуни 2020 (МИА) – На 337 лица им се издадени решенија за изолација, а 62 лица потпишале изјави за самоизолација во текот на изминатото деноноќие на територијата на Република Северна Македонија.

Од страна на полициски службеници, информираа денеска од МВР, извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација и не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Регистрирани се 585 прекршоци по однос на мерката за не носење лична заштита на лице. цр/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Речиси 12.000 Македонци работеле во Хрватска лани, најмногу во туризмот и градежништвото

Седница на партиското Собрание на Алијанса за Албанците

Поради сообраќајка блокиран сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, кај м.в.„Св.Петка“