Утрински Весник
Македонија

Регистрирани 48 новозаболени, оздравени тројца, вкупно тестирани 496 лица

Регистрирани 48 новозаболени, оздравени тројца, вкупно тестирани 496 лица

Скопје, 10 април 2020 (МИА) – Во изминатите 24 часа направени се 496 тестирања на Ковид -19, при што се регистрирани 48 нови случаи, позитивни на вирусот. Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 во нашата земја изнесува 711 лица, информираат денеска од Министерството за здравство.

– Од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби денеска со два негативни теста на Ковид-19 се испишани тројца оздравени пациенти, двајца од Тетово и еден од Куманово. Два пати негативен и оздравен е пациент од Скопје кој се лекуваше во домашни услови, информираат од МЗ.

Од новодијагностицираните по градови се: Скопје -11, Куманово – 25, Штип -1, Прилеп – 4, Тетово – 1, Струга – 3, Охрид -1, Гостивар -2.

Според местото на живеење, досега случаи на Ковид -19 се регистрирани во: Скопје – 284, Куманово – 168, Дебар – 49, Штип-21, Прилеп –50, Тетово – 31, Струга – 33, Велес – 18, Битола –8, Охрид –4, Кавадарци – 3, Гостивар –6, Гевглелија – 4, Струмица – 2, Крива Паланка-3, Радовиш – 4, Крушево – 3, Кочани – 19 и Пробиштип – 1.

Од 496 тестирање,  преку ИЈЗ се направени 353, преку Ветеринарен факултет –9, Авицена –14 , Биотек –24  и Фипил Втори (Жан Митрев) –96. Досега во земјата се направени 7.067  тестирања на Ковид-19.

– Согласно извештајот на Институтот за јавно здравје, во денешната статистика ќе бидат евидентирани два претходно починати лица. Едно лице од Лабуништа – Струга (63г) за кое Министерството информираше на 5 април. Пациентот беше донесен во тешка состојба на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје, а неговиот тест е изработен постмортем. Во денешната статистика на ИЈЗ ќе биде евидентиран и починатиот притвореник од Истражниот затвор во Шутка, за кој Министерството информираше во текот на вчерачниот ден, информираат од МЗ.

Резултатите од тестот на претседателот на СДСМ, Зоран Заев се очекуваат околу 16 часот.

– Веднаш потоа Министерот Венко Филипче ќе одржи прес конференција да ги соопшти деталите, како и да информира за состојбата и актуелните прашања со коронавирусот во земјата, стои во соопштенето од МЗ.

Во моментов се одржува вонредна консултација помеѓу стручниот тим на Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести за да се утврдат следните чекори во однос на заштита и изолација во зависност од исходот на резултатот. аа/са/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Три години од трагедијата во Бугарија во која загинаа 45 македонски државјани

Откорнати се покриви од згради, куќи, паднаа и бандери – огромни штети од невремето синоќа

Денеска променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали