Утрински Весник
Македонија

Ревакцинирани 48% од полнолетните граѓани во државата

Ревакцинирани 48% од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден аплицирани се вкупно 4.037 дози вакцини, од кои 1.581 се аплицирани како прва доза, 853 се ревакцинации, а 1.603 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека заклучно со 17 ноември вкупно се вакцинирани 818.689 граѓани, ревакцинирани се 787.837, а трета доза примиле 59.735 граѓани.

„57% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина. Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 58%, а со две дози опфатени се 48% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 38% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.

Можете да прочитате

Секое застанување на булевар на „пет минути“ ќе се санкционира, вели Топаловски

Мицкоски: И утре да ги внесеме Бугарите во Устав, прашање е само дали за 3, 6 или за 9 месеци ќе имаме нов услов

УХМР издаде „жолт хидроаларм“: Поплави и излевање на реки можни во пола Македонија