Утрински Весник
Македонија

Ревакцинирани 46 проценти од полнолетните граѓани во државата

Ревакцинирани 46 проценти од полнолетните граѓани во државата

Во текот на вчерашниот ден биле аплицирани вкупно 2.379 дози вакцини, од кои 700 биле аплицирани како прва доза, 1.585 се ревакцинирани, а 94 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Од таму додаваaт дека заклучно со 19 октомври вакцинирани се вкупно 800.103 граѓани, ревакцинирани се 764.953, а трета доза примиле 1.292 граѓани.

54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 38% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 35% од популацијата во државата примила две дози вакцина, велат здравствените власти.

Можете да прочитате

СДСМ Бараат оставка од Филипче – Монти Пајтон политиката на ВМРО

Не стигнало барање за одземање на имунитетот на судијата Ристов, вели Камбовски

Утре ќе се бира шеф на Скопското обвинителство