Утрински Весник
Македонија

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата

Во четвртокот, петокот и во текот на викендот аплицирани се вкупно 8.185 дози вакцини, од кои 1.706 се аплицирани како прва доза, 1.899 се ревакцинирани, а 4.590 граѓани примиле трета доза вакцина, информира Министерството за здравство.

Во писменото известување се додава дека заклучно со 7 ноември вкупно се вакцинирани 809.293 граѓани, ревакцинирани се 780.456, а трета доза примиле 43.376 граѓани.

54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

„Опфатот со вакцинација со една доза вакцина, на полнолетната популација е 57% , а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години. Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина“, известуваат здравствените власти.

Можете да прочитате

Вечерва тешка сообраќајка на автопатот Тетово–Скопје

Пренасочување на сообраќајот поради пожарот во околината на Блаце, забрана за товарни возила

Пожар кај Психијатриската болница „Скопје“, ситуацијата е стабилизирана