Утрински Весник
Македонија

Ребека: Ако стоиме вака, нема да им се стресат гаќите, да го блокираме системот

Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Пејачката Ребека Јанковска пред Собранието, Макрон го преименува во Морон. Го праша Бујар Османи каде се родил, каде се лекува, каде израсна, откако тој рече дека нема емоции во преговарањето. Таа додаде: “Не може да нема емоции!” и побара оставка од него.

dobivaj vesti na viber

„ Ви ги гледав лицата и знаете што видов, ви пишуваше: Смрт за Македонија. Срам да ви е! Знаете како? Имаме прекрасни пејачи и поети, прекрасна е Македонија. Анте Поповски вели: “…Немаме резервна татковина, Македонија ни е се, лулка и татковина!”. Вие се нарекувате Македонци? Која мајка ве родила? Предавници! Македонскиот народ никогаш никој не напаѓал. Ние на никого не му пречиме. Колку пари зедовте? Призајте!”, рече Ребека Јанковска.

На Османи и Владата им порача: Срам да ви е!

„ На гугл за нашите херои пишува: Бугарски Македонци. Европа не ја замислував ваква! Моето право е да бидам Македонка, да зборувам на македонски јазик и да не ги менуваат учебниците на моите деца! Тие нас ќе ни кажат од кога постоиме, не баре сме малоумни! Стотици години постоиме и ќе постоиме! Не можат да не сотрат!”, додаде таа.

„ Ако стоиме вака, нема да им се стресат гаќите! Да го блокираме системот, од утре никој ништо да не работи”, порача Ребека.

Можете да прочитате

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не одговори дали Филипче е со лидерот Заев во Гармиш-Партенкирхен

ИЈЗ со апел: Празнувајте паметно – внимавајте на храната, алкохолот и пиротехниката

Тешка сообраќајка во Тетово – повредени повеќе лица меѓу кои и две деца