Утрински Весник
Спорт

Реал ја отфрлие можноста да го земат Вилијан

Челзи отфрли понуди од Барса и Атлетико за Вилијан
Cevahir mall aerodrom pulsira vol 4 vfinal 300x300px baner

Лондон, 2 јуни 2020 (МИА) – Управата на Реал Мадрид ја отфрлила можноста за привлекување на sвездата на Челси, Вилијан.

Бразилскиот крилен играч ќе биде слободен агент по крајот на сезоната, а неговиот агент Киа Џорабчијан напорно бара голем клуб за да ги исполни условите на својот клиент.

За Вилијан се заинтересирани Арсенал и Тотенхем, а на квалитетите му се восхитува и Зинедин Зидан. Поради оваа причина, 31-годишниот Бразилец беше понуден на Реал, но „Сантијаго Бернабеу“ ја одби понудата заради желбата на играчот да потпише договор на три години.

Тоа беше барањето на Вилијан, кое не го прифати и неговиот сегашен клуб Челси, кој му понуди договор на две сезони, бидејќи ова е политика на лондонскиот тим за играчи кои веќе наполниле 30 години.

Вилијан помина седум години на „Стемфорд Бриџ“.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Гвардиола: Секој што ќе се врати со вишок килограми нема да оди во Нотингем

Алвеш купува португалски третолигаш – 24info.mk

ФИФА ранг-листа: Македонската репрезентација ја заврши 2025. на 66. место