Утрински Весник
Спорт

Реал чека одговор од Арсенал за Обамејанг до 15 јуни

Арсенал чека понуди за Обамејанг

Лондон, 10 мај 2020 (МИА) – Реал Мадрид постави краен рок за одлука за напаѓачот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг.

Според британските медиуми, клубот од Мадрид сака лондончаните да донесат одлука пред 15 јуни за евентуален трансфер на 30-годишниот фудбалер од Габон. Обамејанг има уште една година од договорот со „топџиите“.

Во сезоната 2019/20, Обамејанг има 20 голови и една асистенција на 32 натпревари за Арсенал. Порталот Transfermarkt.com ја проценува цената на напаѓачот на 50,4 милиони фунти. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Георгиевски освои злато на Скопје опен Г1

ГРК Охрид домаќин на Олимпијакос во реваншот од четвртфиналето на Европскиот куп

Последно коло од регуларниот дел на сезоната во кошаркарското првенство