Утрински Весник
Спорт

Реал се справи со Валенсија за едно полувреме

Реал се справи со Валенсија за едно полувреме

Мадрид, 19 јуни 2020 (МИА) – Реал Мадрид забележа победа од 3:0 над Валенсија во судирот меѓу двете екипи од 29-то коло од Ла Лига.

„Белиот балет“ реши сè во второто полувреме, кога паднаа сите три гола на натпреварот. Карим Бензема постигна два од головите во 61-та и 86-тата минута, а Марко Асенсио го оформи конечниот резултат во 74-тата минута.

Гостите можат да жалат што во првото полувреме нивниот гол беше поништен поради дискутабилен офсајд, а пред тоа погодија греда.

Со овој успех, Реал собра 62 поени и повторно се доближи на 2 зад Барселона на 2-то место на табелата.

Валенсија, од друга страна, се движи се подалеку и подалеку од топ 4 и останува на 8-то место со 43 бода.

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Србија го освои првото злато на Олимписките игри во Париз

Шерифовски поразен на турнирот во џудо

Египќанка во седмиот месец од бременоста победи во меч во мечување