Утрински Весник
Спорт

Реал се пофалија со завршените работи на „Сантијаго Бернабеу“

Реал се пофалија со завршените работи на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид продолжуваат со реновирањето на нивниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ во зимските месеци, вклучувајќи ја изградбата на паркинг на четири ката.

Клубот нема играно на својот стадион по прекинот на првенството во март 2020 поради корона вирусот, користејќи ја шансата да го модернизираат фудбалскиот храм со 81.000 седишта. Оттогаш тие играат на резервниот терен „Алфредо ди Стефано“.

Во осумминутно . објавено на официјалните социјални мрежи, клубот се пофали со сработеното, од кое најимпресивно изгледа паркингот од четири ката со двојна височина во кој ќе можат да поминуваат камиони и автобуси.

Во .то исто така се гледа и работата на покривот на стадионот, кој по комплетирањето ќе може да биде затворен доколку постои потреба. Огромна метална структура веќе е крената како дел од покривот кој ќе биде поставен на две нови „кули“ на „Кастелјана“. Покрај тоа, на стадионот ќе има .-скрин од 360 степени, нов оддел за седење и терен кој ќе може да се повлекува.

Вкупната сума која ќе биде потрошена ќе биде околу 600 милиони евра и треба да е комплетирана во октомври 2022.

> Реал се пофалија со завршените работи на „Сантијаго Бернабеу“ <



Извор: Makfax

Можете да прочитате

Македонските фудбалерки до 19 години ќе играат квалификациски турнир во Португалија

Верстапен: Во Мекларен ќе станев шампион многу порано

Младост 96 есенски шампион во пингпонгарската Суперлига