Утрински Весник
Спорт

Реал сака да продаде пет играчи пред да купи нови

Реал го дава Бејл плус пари за да го добие Погба
Dik 300x250 mk

Мадрид, 2мај 2020 (МИА) – Реал Мадрид планира да се раздели со неколку играчи на тимот на крајот на оваа сезона. Клубот има намера да продаде најмалку пет играчи пред да влезе во трансфер пазарот за да потпише со нови.

На трансфер листата се ставени Хамес Родригез, Герет Бејл, Лукас Васкез и Маријано Дијаз, а за Начо клубот е подготвен да разгледа понуди.

Раководството на клубот им понуди на ветераните Марсело и Лука Модриќ да решат сами каде сакаат да продолжат со кариерата.

Се очекува Мартин Едегор и Ашраф Хакими да се вратат од позајмица, исто така е можно шанса во првиот тим да добијат Дани Себалос, Серхио Регилон и Такефуса Кубо. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Лос Анџелес Доџерс ја одбранија титулата

Салах го постигна 250. гол за Ливерпул и им се придружи на Раш и Хант

УЕФА пред тужба за повреда на авторски права на новиот концепт на Лигата на шампиони