Утрински Весник
Спорт

Реал сака да го добие Де Лихт претстојното лето

Де Лихт откри зошто го избрал Јувентус

Мадрид, 19 април 2020 (МИА) – Фудбалерот на Јувентус, Метју де Лихт се најде во интересите на Реал Мадрид, објави „Ел Мундо Депортиво“.

Клубот на Мадрид планира да ја зајакне одбранбената линија во текот на летото и се обидува да се стекне со холандскиот дефанзивец. Клупското раководство го гледа 20-годишниот играч како потенцијална замена за Серхио Рамос и наследник на Рафаел Варан.

Де Лихт му се придружи на Јувентус минатото лето од Ајакс за 85 милиони евра. Оваа сезона дефанзивецот настапи на 27 натпревари за „бјанконерите“, постигнувајќи два гола. зс/

Извор: mia.mk

Можете да прочитате

Селекторот на македонските кошаркарки Илиевски поднесе оставка

Лазаров: Пред ЕУРО 2026 ќе прифатев ваков исход, но ќе сакав повеќе

(Видео) Со гол во последна секунда Македонија ја победи Романија на ЕП во ракомет