Утрински Весник
Спорт

Реал му поставиле ултиматум на Мбапе

Реал му поставиле ултиматум на Мбапе
Dik 300x250 mk

Ќе остане во Париз или ќе се пресели во Мадрид, на „Снатијаго Бенабеу“? Одговорот на ова прашање го знае само Килијан Мбапе. Еден од најдобрите напаѓачи во светот, мудро молчи кога е во прашање неговата фудбалска иднина. Самиот изјави дека одлуката, чии дрес ќе го носи од наредната сезона, ќе ја донесе по осмина-финалните дуели во Лигата на шампионките помеѓу ПСЖ и Реал. Првиот меч го доби ПСЖ и тоа со голот на Мбапе во 94.минута, реваншот во Марид на програмата е на 9.февруари.

Два дена по првиот дуел на овие тимови, француските медиуми објавија дека, ПСЖ на маса ставиле неверојатна финансиска понуда, договорот на две сезони и неделна плата од 1.000.000 евра. Плус, Мбапе би станал заштитното лице на клубот, пред Нејмар и Меси, што значи дека ќе добива и процент се она што е продаде клубот, а е поврзано со него.

Британски „Тајмс“ пишува дека Флорентино Перез и неговите соработници се во паника. Повеќе не е сигурни дека ќе го добијат Мбапе бесплатно.

Според овој извор, Реал му поставил ултиматум на Мабпе. Во најскоро време ќе мора да реши што сака. Доколку реши да остане во Париз, тогаш Реал ќе ја започнат операцијата околу трансферот на Ерлинг Халанд.

Килијан Мбапе е играч на ПСЖ од 2017 година. За неговиот трансфер ПСЖ издвоија 180.000.000 евра.

> Реал му поставиле ултиматум на Мбапе <

Можете да прочитате

Јамал, Дембеле и Салах номинирани за наградата „Најдобар“ на ФИФА

Ѓоковиќ го победи Борхес и се пласираше во полуфиналето на турнирот во Атина

Милевски повика 28 фудбалери за средбите со Летонија и со Велс